УТРО.мк

Горивата повторно поскапуваат? Одлуката на Регулаторната комисија се очекува денес

Горивата повторно поскапуваат? Одлуката на Регулаторната комисија се очекува денес
Vero

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите малопродажни цени на горивата, а според актуелните пазарни трендови, речиси извесно е дека возачите повторно ќе се соочат со поскапување.

Само пред една недела, во редовното понеделничко усогласување, дизелот поскапе за дури 14,5 денари по литар, додека цените на бензините беа зголемени за пет денари. Новото пресметување на Регулаторната доаѓа во услови на раст на светските цени на суровата нафта, но и засилен долар во однос на денарот, два фактори кои директно влијаат врз формирањето на домашните цени на нафтените деривати.

Истовремено, глобалните енергетски пазари беа обележани со нагло поскапување на нафтата, која повторно ја надмина границата од 100 долари за барел. Дополнителен притисок врз цените создаде и блокадата на Ормускиот Теснец, еден од најважните светски енергетски коридори.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран