УТРО.мк

Бранко Азески избран за дел од меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана

Бранко Азески избран за дел од меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана
Vero

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, на 8 март 2026 година во Љубљана ќе биде свечено именуван за член на Меѓународниот советодавен одбор на Економски факултет при Универзитетот во Љубљана – признание што ја потврдува растечката улога на македонската бизнис-заедница во европските академски текови.

Во својата изјава по повод изборот, Азески нагласи дека оваа функција претставува потврда за долгорочните напори да се изгради цврст мост меѓу науката и реалниот сектор. „Ова е признание за концептот што го застапуваме, партнерство меѓу универзитетите и компаниите, каде знаењето директно се преточува во конкурентност и развој“, истакна тој.

Советодавниот одбор обединува влијателни имиња од европската академска и деловна сцена. Меѓу нив се професори и менаџери од реномирани институции како Универзитет во Порто, Jönköping International Business School, City, University of London и WU Vienna University of Economics and Business, како и претставници на водечки европски компании и финансиски групации, меѓу кои Intesa Sanpaolo, Riko d.o.o. и Kearney. Со вклучувањето на Азески, одборот добива дополнителна перспектива од Југоисточна Европа и искуство од долгогодишно институционално поврзување на стопанството и образованието.

Економскиот факултет во Љубљана важи за една од најугледните институции во областа на економијата и бизнисот во Словенија и регионот. Со повеќе од 30 научни конференции и семинари годишно, факултетот активно придонесува кон глобалната академска дебата, а неговите истражувања редовно се објавуваат во најпрестижните светски списанија. Преку современи лаборатории и интердисциплинарен пристап, институцијата ги поврзува економијата, финансиите и бихејвиоралните науки, отворајќи простор за иновативни решенија и нови генерации лидери.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран