
На маргините на UNECE Resource Management Week 2026, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со високи претставници на Обединетите нации, меѓународни институции и експерти од енергетскиот сектор, во насока на зајакнување на соработката во процесите на енергетска транзиција, одржливо управување со ресурси и регионална интеграција.
Министерката оствари и работна средба со Dmitry Mariyasin, заменик извршен секретар на Економската комисија на Обединетите нации за Европа, на која се разговараше за продлабочување на соработката во рамки на UNECE, забрзување на процесите за зелена транзиција, унапредување на регулаторните рамки и поддршка на инвестиции во одржливи енергетски проекти.
Во разговорите беше истакната важноста на регионалната поврзаност, интеграцијата на енергетските пазари и потребата од заеднички пристап во справување со предизвиците на глобалната енергетска трансформација.
Министерката нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на активна улога во меѓународните процеси, унапредување на одржливото управување со ресурси и градење на стабилни партнерства со Обединетите нации и другите меѓународни чинители.
Во фокусот на активностите беше и учеството на министерката на високопрофилниот панел „Social Engines of Sustainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter“, заедно со истакнати меѓународни експерти, меѓу кои Cristina Marras, Co-Chair на EGRM Women in Resource Management Working Group, Edoardo Ghirelli, основач на Green Mining Italia и експерт за одржливо и инклузивно рударство, како и модераторот Dario Liguti, директор на Одделот за енергетика, домување и управување со земјиште при UNECE.
Во рамки на панелот беа отворени клучни теми поврзани одржливото управување со природните ресурси, при што беше нагласено дека енергетската транзиција мора да биде инклузивна, праведна и насочена кон луѓето.
Со оваа посета и учество, уште еднаш се потврдува континуираната определба на државата за инклузивна енергетска транзиција, зајакнување на меѓународната соработка и активно позиционирање во глобалните енергетски текови.























