
Во Штип вчера утрото бил откриен необичен и потенцијално опасен „наод“ во подрум на семејна куќа, кога сопственикот В.А. (43) при изведување активности во просторијата налетал на сомнителен предмет.
Веднаш по откритието, случајот бил пријавен во СВР Штип, по што на терен интервенирале надлежните служби. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа и извршил првична проценка.
Утврдено е дека станува збор за неексплодирана минофрлачка граната со калибар 82 милиметри, за која постојат индиции дека потекнува од периодот на Првата светска војна.
По завршувањето на интервенцијата, просторот бил обезбеден, а надлежните служби спровеле увид за документирање на настанот.























