УТРО.мк

Божиновска: Новата енергетска стратегија носи чиста енергија и европска интеграциј

Божиновска: Новата енергетска стратегија носи чиста енергија и европска интеграциј
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија, документ кој ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и отвора пат кон создавање модерна и одржлива енергетска економија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека студијата е изработена со техничка поддршка од Европската Унија преку IPA II програмата, во рамки на Western Balkans Investment Framework (WBIF) и Infrastructure Project Facility 10 (IPF10), како дел од проектот за гасно поврзување меѓу Македонија и Србија.

„Ова е прв национален документ кој на сеопфатен начин ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород во енергетиката, индустријата, транспортот и системите за централно греење“, посочи Божиновска.

Според студијата, Македонија има реален потенцијал постепено да развива водородна економија и да стане дел од идната европска водородна инфраструктура. Во документот е наведено дека земјава, заедно со Србија и Грција, има стратешка позиција во рамки на Паневропската водородна мрежа и European Hydrogen Backbone.

Особено значајно е што новата гасна интерконекција со Грција, чија изградба е во тек, е проектирана за транспорт на 100 отсто водород. Идната интерконекција со Србија, согласно тендерската документација, исто така е предвидено да биде целосно подготвена за транспорт на водород.

„Двете интерконекции ќе бидат клучни сегменти на идниот национален водороден ’рбет и ќе придонесат за интеграција на Македонија во европскиот водороден пазар“, нагласи министерката.

Студијата содржи сценарија за развој на водородниот сектор до 2050 година, со анализи за користење на обновливи извори на енергија, развој на водородни коридори, примена во индустријата и транспортот, како и можности за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Божиновска истакна дека со овој документ Македонија се вбројува меѓу малкуте земји во регионот кои веќе имаат стратешки план за развој на водородниот сектор.

„Водородната студија не е само анализа на идните можности, туку патоказ за новата енергетска ера. Македонија навремено се позиционира како партнер во европската водородна мрежа и како учесник во создавањето на чиста и нискојаглеродна економија“, порача Божиновска.

Од Министерството додаваат дека развојот на водородниот сектор е дел од пошироките напори за енергетска транзиција, декарбонизација и усогласување на националните енергетски политики со европските стандарди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin