УТРО.мк

Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година ќе престојува во работна посета на Анталија, Република Турција, по повод учеството на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени.

На самитот ќе учествуваат светски лидери, претставници на влади и меѓународни организации, кои ќе разговараат за актуелните климатски предизвици, унапредувањето на глобалната климатска акција и зајакнувањето на меѓународната соработка во справувањето со климатските промени.

Учеството на министерката Божиновска е во насока на следење на глобалните процеси и иницијативи поврзани со климатските политики и енергетската транзиција, како и размена на искуства и соработка со меѓународните партнери во овие области.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран