УТРО.мк

Amazon отпушта 14.000 работници: Причината е бизарна

Amazon отпушта 14.000 работници: Причината е бизарна
Vero

Американскиот технолошки гигант Amazon најави отпуштање на околу 14.000 вработени, а причината што ја наведе извршниот директор Енди Џеси ги изненади многумина – отпуштањата, според него, не се поврзани ниту со финансии ниту со вештачка интелигенција, туку со „културата на компанијата“.

Одлуката доаѓа и покрај тоа што Amazon забележа одлични деловни резултати – продажбата пораснала за 13 проценти во однос на минатата година и достигнала 180 милијарди долари. Сепак, раководството смета дека компанијата се оддалечила од своите почетоци.

„Како што фирмата расте, природно се создаваат повеќе слоеви во организацијата. Тоа може да ги забави процесите и да го намали чувството на одговорност кај вработените,“ изјави Џеси за време на разговор со аналитичари.

Тој додаде дека Amazon сака повторно да функционира „како најголемиот стартап на светот“, што подразбира отстранување на непотребните хиерархиски нивоа.

Да потсетиме, бројот на вработени во Amazon го достигна врвот од 1,6 милиони луѓе во 2021 година, додека минатата година компанијата ја заврши со околу 1,5 милион работници.

Иако Џеси нагласи дека отпуштањата не се директно поврзани со вештачката интелигенција, од Amazon порачуваат дека сакаат да се подготват за иднината во која AI ќе има клучна улога.

Сепак, веста предизвика загриженост меѓу работниците, кои стравуваат дека автоматизацијата со време ќе го замени човечкиот труд.

Интересно е што берзата реагираше позитивно – акциите на Amazon (AMZN) пораснаа за 13 проценти по објавата на извештајот и најавата за реструктуирање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран