УТРО.мк

„Алфабет“ ја зазема втората позиција меѓу светските гиганти

„Алфабет“ ја зазема втората позиција меѓу светските гиганти
Vero
alphabet
alphabet

Alphabet, матичната компанија на Google, направи историски скок на пазарот – во понеделник нејзината вредност достигна 4 трилиони долари, што ја прави втора највредна компанија во светот, пред Apple. Овој импозантен раст следи по одлуката на Apple да го користи моделот за вештачка интелигенција Gemini на Google за својот дигитален асистент Siri. Договорот, чија финансиска вредност не е објавена, ја потврдува позицијата на Google како водечка сила во развојот на AI технологии.

„По внимателна евалуација, утврдивме дека технологијата на Google обезбедува најдобра основа за Apple Foundation Models“, изјавија од Apple за CNBC, нагласувајќи ја довербата во Gemini платформата.

Акциите на Alphabet забележаа раст од околу 65% во 2025 година, надминувајќи ги останатите членови на „Величествените седум“. Волстрит, иако сè уште внимателен поради стравувањата од технолошки меур, гледа нови можности за инвестирање во вештачка интелигенција. Успесите на Alphabet со Gemini и алатката за генерирање и уредување слики Nano Banana ја отстранија неизвесноста околу стратегијата на компанијата за AI и ѝ овозможија да ја преземе водечката улога од OpenAI, кој неодамна ги разочара корисниците и инвеститорите со својот најнов модел GPT-5.

Освен во AI, Alphabet ја зајакна и позицијата на својот cloud бизнис. Приходите од Google Cloud во третиот квартал пораснаа за 34%, а вредноста на договорите во тек достигна 155 милијарди долари. Растот е поддржан и од изнајмувањето на сопствените чипови за AI на надворешни компании, што привлече внимание и инвестиции од Berkshire Hathaway на Ворен Бафет.

Главниот извор на приходи – рекламирањето преку Google и YouTube – останува стабилен и покрај економската неизвесност и засилената конкуренција, што дополнително ја зацврстува финансиската сигурност на компанијата.

Сепак, успехот доаѓа со предизвици. Alphabet се соочува со две големи антимонополски тужби во САД. Една од нив ја загуби, кога судијата во септември одлучи дека компанијата не треба да се распадне, дозволувајќи ѝ да го задржи Chrome и Android. Во друг случај, судија во април пресуди дека Google нелегално го монополизирал пазарот на онлајн рекламирање. Судскиот процес, кој започна во септември, може да доведе до обврска за продажба на делови од рекламен бизнис, со цел поттикнување конкуренција.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран