Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.























