Безживотно тело на младо женско лице вечерва е најдено помеѓу зградите што се од спроти Центарот за социјални работи во Тетово. По пријавата до СВР Тетово, почнат е увид од страна на полицијата а на местото е Јавен обвинител. Засега нема официјални информации за тоа како настанала трагедијата, ниту дали станува збор за несреќен случај или нешто многу посериозно.
Според првичните неофицијални информации,се работи за девојка од Косово, која студирала во Тетово.























