
Царината пронашла околу 600 куршуми во автобус на компанијата „Дурмо турс“, кој сообраќал на релација Италија – Македонија, при претрес извршен на граничниот премин Табановце.
Муницијата била скриена во вентилацискиот простор на автобусот, меѓу 50 пакувања кафе, и вкупно содржела 580 куршуми, од кои најголем дел биле со 9 мм калибар.
Автобусот е задржан, а муницијата трајно одземена. Досега двајца осомничени се лишени од слобода, а Одделението за истраги поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово. Обвинителството информира дека истрагата се води против овие лица и може да се прошири кон други.























