
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.А.(19), С.А.(18) и еден 15-годишник, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.
Според информациите од полицијата, на 24 март 2026 година на улицата „Дабничка“ во Прилеп, пријавените физички нападнале такси возач, при што му одзеле пари.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а против осомничените ќе следува соодветна постапка.























