
На 06.04.2026 полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со градежни инспектори од општина Гостивар, извршиле увид во селото Форино поради сомнение за сторени кривични дела „узурпација на државно земјиште“ и „бесправно градење“.
При контролата било утврдено дека на местото викано „Рудина“ е започната изградба на објект без соодветна документација, на земјиште во државна сопственост. Како инвеститор е посочен Ш.С. (39) од село Форино.
На терен биле затекнати изведувачот Б.Р. (40), како и повеќе работници. Притоа, двајца државјани на Република Албанија, Е.О. (33) и Д.О. (49), биле приведени поради злоупотреба на туристичкиот престој во државата и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.























