
Во текот на 16 април се случиле три одделни сообраќајни несреќи во кои тешко биле повредени пешаци во Скопје, Штип и Битола.
Во 07:30 часот во Скопје, на улицата „Маџари“, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот В.Р., удрил во 78-годишната М.П. од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
Во 12:00 часот во Штип, на улицата „Енгелсова“, патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната С.П., удрило во 89-годишниот Г.С. од Штип. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана медицинска помош.
Во 19:48 часот во Битола, на крстосница од улиците „Прилепска“, „15 Мај“ и „Цветан Димов“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот Д.Т., удрило во 50-годишниот пешак Ж.С. од село Долна Чарлија, општина Могила. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во Клиничката болница Битола.























