Еден 67-годишен маж од тетовско село останал без 3.000 евра откако бил измамен преку социјалните мрежи од жена која се претставувала како државјанка на Бугарија.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Според пријавата во СВР Тетово, мажот подолг период комуницирал со жената онлајн. На 20 декември таа му рекла дека има намера да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна се јавила вознемирена, тврдејќи дека на граничен премин ѝ биле одземени 10.000 евра.
Скоро веднаш, мажот добил повик од лице што се претставило како командир на граничен премин и му соопштило дека парите ќе ѝ бидат вратени доколку плати „казна“ од 3.000 евра. Верувајќи дека ѝ помага, тој уплатил сума преку три различни агенции за брз трансфер. По уплатата, обидите да стапи во контакт со жената и со наводниот командир биле безуспешни, што го натерало да сфати дека станува збор за измама.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Полицијата соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.



























