
Вчера (16.02.2026) околу 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР.























