
На автопатот Штип-Миладиновци, избувна сериозна сообраќајна несреќа во која беа вклучени повеќе возила. Сообраќајот засега се одвива само по една коловозна лента, а учесниците претрпеа значителни материјални штети.
Според извори од „М-нет“, меѓу погодените возила се наоѓаат автомобили „Опел“ и „Цитроен“ со штипски таблички, како и две возила „Сеат“ и „Голф“ регистрирани во Скопје. Состојбата на возачите и патниците засега не е позната, а повеќе детали се очекуваат од МВР во наредните часови.























