
На 30.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје, е пријавено дека во кругот на објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров М.Д. управувајќи товарно возило-комбе враќајќи се назад без да го забележи удрил во Д.З.(51) од Скопје кој се наоѓал до ограда позади комбето.
Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.























