
Рано утрово, околу 3 часот, се случи убиство во ресторан во Товаришево во близина на Бачка Паланка.
Како што дознаваат српските медиуми, 18-годишен маж бил прободен со нож во вратот, и починал во амбулантното возило на пат кон болница.
Според очевидци, на сè му претходела расправија.
Како што дознава „Блиц“, осомничениот за убиството е сè уште на слобода, а Товаришево е под полициска опсада.



























