УТРО.мк

Со лажна диплома се вработувал во фирми шест години

Со лажна диплома се вработувал во фирми шест години
Vero

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Д.(39) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според информациите од полицијата, пријавениот изготвил фалсификувана диплома со неточни податоци дека има завршено четиригодишно средно образование.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој во периодот од 2020 до 2026 година во повеќе наврати ја употребувал дипломата како вистинска при засновање работен однос во различни правни субјекти.

Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран