
На 15.04.2026 во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Ц.М. (38) и Б.А. (40) поради нарушување на јавниот ред и мир со агресивно однесување на улицата „Браќа Миладинови“ во Тетово.
При проверка во полициските евиденции било утврдено дека за Б.А. постои активна централна потерница за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.























