
Во текот на изминатите денови, на повеќе локации во Скопје се пријавени одделни случаи на физички напади и разбојништва, за кои полицијата презема мерки за нивно расчистување.
Според информациите од МВР, во првиот случај, 40-годишна скопјанка пријавила дека на 13 април во населбата Илинден била нападната од едно лице кое претходно ѝ побарало пари.
Во вториот инцидент, 46-годишен маж од Скопје навел дека во Бутел, додека управувал возило, бил пресретнат од друго возило, по што две лица излегле и физички го нападнале.
Третиот случај се однесува на 66-годишен жител на село Копаница, кој пријавил дека во село Љубин бил физички нападнат од друго лице од истото село.
Во четвртиот случај, 53-годишен жител на Гостивар пријавил дека во скопската населба Карпош бил ограбен, при што напаѓач со употреба на физичка сила му одзел чанта со лични документи и други предмети.























