УТРО.мк

Приведена 40-годишна жена од дебарско: Лажно пријавила семејно насилство

Приведена 40-годишна жена од дебарско: Лажно пријавила семејно насилство
Vero

Во Дебар, синоќа околу 22:10 часот, полициски службеници привеле 40-годишна жена од едно село во околината на градот, по сомнение дека намерно пријавила невистинит настан поврзан со наводно семејно насилство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената претходно се обратила во полициската станица тврдејќи дека била физички нападната од својот сопруг, при што била пријавена како жртва на семејно насилство. Меѓутоа, по извршените проверки, службените лица утврдиле дека пријавата не одговара на вистината.

Поради постоење сомневање за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ согласно член 366 од Кривичниот законик, таа била задржана од полицијата.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против жената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран