УТРО.мк

Приведен македонски државјанин во Србија: Запленети 1.300 електронски цигари

Приведен македонски државјанин во Србија: Запленети 1.300 електронски цигари
Vero

Во заедничка акција на српската полиција и Основното јавно обвинителство во Врање, 31-годишен македонски државјанин е приведен во Прешево поради шверц на електронски цигари. При претрес на возилото што го управувал, полицијата пронашла огромна количина „вејпови“ без потребната документација.

Според официјалното соопштение на српското МВР, во багажниот простор на автомобилот биле откриени вкупно 1.303 парчиња електронски цигари од различни марки. Проценетата вредност на нелегално превезената стока изнесува околу 1,3 милиони динари, што надминува 11.000 евра.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран