УТРО.мк

Покање кон полицијата во Скопје – МВР со детали

Покање кон полицијата во Скопје – МВР со детали
Vero

Четириесет и шестгодишен скопјанец е приведен откако во текот на ноќта испукал куршум кон полициски службеници во скопската населба Гази Баба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил околу 01:20 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да го легитимираат А.П. (46) од Скопје. Според информациите од МВР, лицето во тој момент извадило огнено оружје и испукало еден куршум кон полицајците, по што се дало во бегство.

По преземени оперативни мерки и активности, полициските службеници успеале да го пронајдат и лишат од слобода осомничениот.

Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе детали за мотивите и околностите под кои се случил инцидентот засега не се соопштуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран