Со тивка почит и длабока благодарност, СДСМ Охрид се сеќава на Јован Стојаноски, поранешен градоначалник на Охрид и долгогодишен сопартиец. Неговата посветеност, човечност и љубов кон градот оставија траен белег.
Како градоначалник, Стојаноски се посвети на јавниот интерес, праведно и солидарно општество и подобар живот за граѓаните. Неговата работа се темелеше на искреност, труд и визија за Охрид како град што се развива, но ги зачувува своите вредности и традиции.
Како сопартиец, тој беше пример за посветеност, дијалог и другарство. СДСМ Охрид изразува сочувство, со порака дека споменот за Јован Стојаноски ќе живее во сеќавањата на граѓаните и во делата што ги остави зад себе.



























