
Повозрасна жена завршила со тешки телесни повреди откако била прегазена од возило на крстосница во скопската населба Аеродром.
Според информациите од полицијата, на 28 март 2026 година околу 09:15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и булеварот „Јане Сандански“, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.К. (68) од Скопје, удрило во 75-годишната Р.Т. од Скопје.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.























