УТРО.мк

Обид за убиство во Куманово: 84-годишник приведен, започната истрага

Обид за убиство во Куманово: 84-годишник приведен, започната истрага
Vero

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово отвори истражна постапка против 84-годишен маж, кој е обвинет за сериозно кривично дело. Обвинителството го гони лицето поради основано сомнение дека извршило обид за убиство, и тоа сторено на суров и подмолен начин, според член 123 став 2 точка 4 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Кривичното дело, како што информираат од Обвинителството, се случило на 4 декември, во хотелски објект во Куманово. Осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена.

Според досегашните сознанија, осомничениот утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил влезната врата, влегол во објектот и се упатил кон собата каде што престојувале оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.

Кога жената го забележала, таа станала и тргнала кон вратата од собата со намера да го спречи влезот. Во тој момент, осомничениот извадил нож и со него ја удрил жртвата во пределот на главата. Во мигот кога ножот му паднал, оштетената успеала да се повлече и почнала гласно да вика и да бара помош. На повиците реагирал нејзиниот син, кој излегол од другата соба и го спречил натамошниот напад од страна на осомничениот.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, на претходнаta постапка при Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомниченото лице.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран