УТРО.мк

Ноќна масовна тепачка на крстосница во Кичево: Две лица со повреди, девет приведени

Ноќна масовна тепачка на крстосница во Кичево: Две лица со повреди, девет приведени
Vero

Околу 01:30 часот синоќа, во близина на Осломешката крстосница кај Кичево, дошло до сериозен инцидент во кој група лица меѓусебно се пресметале со ножеви и дрвени предмети.

Во хаотичната тепачка биле повредени две лица, кои се здобиле со расекотини и други повреди, по што им била укажана помош.

Полициските службеници од ОВР Кичево брзо реагирале и неколку часа подоцна, околу 03:40 часот, успеале да ги лишат од слобода деветмина учесници во инцидентот. Станува збор за млади лица од Прилеп, Битола и Кичево.

Приведените се идентификувани како Д.А. (20), С.Џ. (27), С.Џ. (19) и Д.Р. (31) од Прилеп, потоа Д.М. (18), Е.М. (26), М.Х. (22) и Ј.Х. (19) од Битола, како и Р.Х. (34) од Кичево.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран