
Во вторникот напладне, во едно од казината во Струга се случил инцидент во кој маж од село Велешта физички нападнал жена од Скопје. Според информации од полицијата, нападот се случил околу 12:20 часот на 9 февруари.
Надлежните засега не откриваат детали за причините што довеле до конфликтот, но истакнуваат дека по комплетирање на сите факти и прибирање на доказите, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.























