
На 23 јануари 2026 година, во 16:55 часот, СВР Охрид добило пријава дека две маскирани лица во селото Оровник, општина Дебрца, запалиле неколку бали со сено на нива.
Благодарение на брзата реакција на сопственикот на нивата, пожарот бил спречен и не се проширил.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот, а против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.



























