УТРО.мк

Македонија на трето место во Европа по убиства на жени од најблиските

Македонија на трето место во Европа по убиства на жени од најблиските
Vero

Според најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, нашата земја зазеде загрижувачко трето место во Европа по стапката на убиени жени од партнер или член на семејството. Овие бројки ја осветлуваат мрачната реалност на родово-базираното насилство кое продолжува да ја загрижува македонската јавност.

Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title

Според статистиката, шест жени на милион жители во Македонија ја загубиле животната од рацете на блиски лица, што ја става земјата веднаш зад Латвија и Литванија. Латвија го држи црниот врв со 17 убиени жени на милион жители, додека Литванија е на второто место со 10. За споредба, просечната стапка во Европската Унија е 4,1 убиена жена на милион жители – речиси двојно помалку од македонската.

Евростат истакнува дека кога сторителите се партнери или членови на семејството, жените се жртви речиси двојно почесто од мажите. Најниски стапки во ЕУ, освен Малта, се бележат во Грција (1,8 на милион жители), Шпанија (2) и Холандија (2,3).

Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph

Податоците покажуваат дека бројот на вакви трагедии во ЕУ останува релативно стабилен во последната деценија, со блага стапка на раст, достигнувајќи 4,4 жени на милион жители во 2022 година.

Глобално, ситуацијата е уште алармантна. Според Обединетите нации, Африка е континентот со највисока стапка на фемицид – 30 жени на милион жители, а проценет број на жртви во 2024 година изнесува 22.600. Во поширокиот европски регион, стапката е пет жени на милион жители.

Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph

Околу 60% од овие убиствa се извршени од интимни партнери или членови на семејството. Обединетите нации ги квалификуваат ваквите злосторства како „фемицид“ – намерни убиства мотивирани од родово базирани фактори, вклучувајќи нееднакви односи на моќ, родови стереотипи и штетни општествени норми.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран