
48-годишниот М.М. од село Извор, општина Чашка, доби кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“, казниво по член 367 од Кривичниот законик.
Од СВР Велес информираат дека на 10 ноември 2025 година, пријавениот пополнил и потпишал писмена изјава дека ја изгубил возачката дозвола, по што поднел барање за издавање дупликат.























