
Во околината на Скопје биле пронајдени коски кои наликуваат на човечки, информираат од полицијата. Случајот бил пријавен вчера (12 февруари) во 16:49 часот, по што веднаш биле активирани надлежните служби.
Според информациите од СВР Скопје, остатоците биле откриени на локалитетот викан „Сулејманови ливади“ во атарот на Горно Количани. Во непосредна близина на местото биле пронајдени и парчиња облека.























