
На 16.04.2026 година во 11:30 часот во СВР Тетово, 54-годишен маж од тетовско пријавил дека бил измамен од лице А.Г. од Тетово.
Според пријавата, во октомври 2025 година пријавителот му продал возило „ауди“ за договорена цена од 8.500 евра, при што биле договорени парите да бидат исплатени до декември истата година. Сепак, како што се наведува, купувачот повеќепати го одложувал плаќањето со различни изговори.
Подоцна, според пријавеното, А.Г. му предал друго возило „јагуар“ како замена, но истото подоцна го зел со образложение дека ќе биде однесено на поправка, по што не го вратил.
Од надлежните институции се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.























