
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на булеварот „Словенија“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата учествувале два патнички автомобила и едно товарно возило. Според информациите од МВР, на 14.04.2026 година во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (45), патничко возило „мазда“ со пробни регистарски ознаки, управувано од С.А. (31), како и товарно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.К. (37) од Куманово.
Во несреќата со повреди се здобиле две лица, кои биле пренесени со возила на Итна медицинска помош во здравствена установа за укажување лекарска помош.
На местото на настанот извршен е увид од полициски екипи, а причините за несреќата се утврдуваат.























