УТРО.мк

Драма во автобус на ЈСП: Контролор двапати нападнат од патник без билет и уште две лица

Драма во автобус на ЈСП: Контролор двапати нападнат од патник без билет и уште две лица
Vero

На 06.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж пријавил дека околу 08:20 часот, на своето работно место како контролор на ЈСП за наплата и билети, бил физички нападнат во два наврати.

Според пријавеното, инцидентот започнал кога контролорот затекнал патник, идентификуван како О.А. (61), без билет. Патникот веднаш почнал да му се заканува, го извлекол од автобусот и физички го нападнал.

Како што е наведено во пријавата, оштетениот успеал да влезе во друг автобус, но на следна постојка повторно бил нападнат од истото лице, кое овојпат било придружувано од уште две лица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран