УТРО.мк

Четири сообраќајни несреќи во Скопје, неколку лица со тешки повреди

Четири сообраќајни несреќи во Скопје, неколку лица со тешки повреди
Vero

На 15.04.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

 

На 15.04.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ со ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.В.(26) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, скопско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

На 15.04.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Мито Хаџивасилев – Јасмин“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од Скопје, удрило во пешакот Г.Д.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран