
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во средата вечерта на регионалниот пат во велешко, на крстосницата која ги поврзува селата Извор и Богомила.
Според информациите од СВР Велес, незгодата била пријавена вчера (12 февруари) околу 18:20 часот, кога патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки излетало од коловозот. Зад управувачот бил 65-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, додека на совозачкото место се наоѓала 66-годишна сопатничка од истото село.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот поминал со полесни повреди. Повредите биле констатирани во Општата болница во Велес, каде што им била укажана лекарска помош.























