УТРО.мк

Апсења во Скопје: приведени шест лица – запленети повеќе видови на дрога

Апсења во Скопје: приведени шест лица – запленети повеќе видови на дрога
Vero

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации во Скопје, при што се приведени шест лица кај кои биле пронајдени дрога и психоактивни супстанции.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Р. (25), С.Б. (21) и еден малолетник, сите од Скопје, како и З.Т. (42) и В.Н. (26) од селото Волково и М.Б. (19) од селото Средно Коњаре.
При извршените контроли кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, како и марихуана, по што сите лица биле приведени во полициска станица.


Акцијата е дел од засилените мерки за сузбивање на нелегалната трговија со дрога и откривање на сторители на кривични дела поврзани со наркотични средства.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран