Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека издаде наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, осомничен за напад врз полицаец и неовластено поседување оружје.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Според обвинителството, во текот на вчерашниот ден беа обезбедени докази за основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, како и „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Инцидентот се случил на 21 декември во раните утрински часови пред ноќен клуб во Градскиот парк. Осомничениот физички нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира, при што му нанел повреда со удари со тупаници. По нападот, мажот бил совладан, а кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол „глок“ калибар 9мм со две рамки по 30 куршуми.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Потоа, во рамки на истрагата, обвинителството обезбедило наредба за претрес во хостелот каде што осомничениот престојувал. Таму биле пронајдени уште еден пиштол „глок“, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа и други предмети како фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце и сајли за врзување. За сите предмети е издадена наредба за вештачење.
Јавниот обвинител поднел предлог до судијата на претходна постапка за определување притвор, оценувајќи дека постои реална опасност осомничениот да избегa, да влијае врз сведоците и доказите, како и да изврши ново кривично дело.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph



























