
Продолжува засилената борба на Министерството за внатрешни работи против нелегалната трговија и производство на марихуана. Во рамки на голема полициска акција спроведена утрово, од фирмата CBD Medplant биле извадени и запленети вкупно 21 тон марихуана.
Според првичните информации, станува збор за количини кои биле произведувани под сомнение за злоупотреба на законските можности за одгледување канабис за медицински цели. Акцијата отвора сериозни прашања за начинот на кој се користеле дозволите, како и за евентуално постоење на организирани мрежи и политичка заштита зад овој бизнис.
Во наредниот период се очекуваат дополнителни информации и можни приведувања, додека институциите најавуваат целосно расчистување на случајот.























