УТРО.мк

81-годишна тешко повредена по удар од автобус во Скопје

81-годишна тешко повредена по удар од автобус во Скопје
Vero

Во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која тешко беше повредена 81-годишна жена, откако во неа удрил автобус на приватен превозник на булеварот „Партизански одреди“.

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје вчера околу 18:10 часот. Според полицијата, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој сообраќал на градската линија број 12, го управувал 61-годишниот Б.А. од селото Грчец.

Во еден момент, возилото ја удрило Р.С. (81) од Скопје, при што таа се здобила со тешки телесни повреди. Повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, каде лекарите ја констатирале сериозноста на нејзината состојба.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, која работи на утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран