
Единаесет лица се лишени од слобода во текот на 4 февруари 2026 година на повеќе локации низ државата, откако било утврдено дека управувале моторни возила без положен возачки испит, без важечка возачка дозвола или и покрај изречена забрана за возење.
На автопатот Градско – Велес, кај клучката Караслари, полициски службеници од СВР Велес го привеле Ф.Ј. (35) од Прилеп, кој управувал патничко возило „голф“ и покрај тоа што имал изречени три активни забрани за управување со моторно возило од Б категорија.
Во Пробиштип, бил приведен К.А. (29) од село Злетово, кој управувал „опел корса“ иако имал активна забрана за возење.
Во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од село Желино, кој управувал патничко возило „голф“ без да се стекне со право на управување. По насоки на јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото е одземено.
Во Гостивар, приведен е А.М. (18) од село Падалиште, кој управувал „опел“ без положен возачки испит.
На подрачјето на Куманово, во село Љубодраг, биле приведени Д.Ј. (37) од Куманово и Ф.А. (29) од село Черкезе, откако било утврдено дека управувале возила „шкода“ и „опел“ без возачка дозвола.
Во село Банско, струмичко, полицијата запрела „тојота“ без регистарски ознаки, управувана од Д.А. (20) од Струмица, кој немал важечка возачка дозвола. Во возилото биле пронајдени и бесправно исечени огревни дрва, по што возилото и дрвата се одземени од Шумската полиција.
Истиот ден во Струмица, бил приведен и возач на „форд“ со струмички регистарски ознаки, кој управувал без важечка возачка дозвола.
Во Штип, на улицата „Балканска“, полициски службеници го привеле А.М. (40), кој управувал „голф“ без положен возачки испит.
На подрачјето на Скопје, во село Батинци бил приведен С.А. (43), кој управувал товарно возило „мерцедес“ без возачка дозвола, додека на локалниот пат Бутел – Мирковци бил приведен и С.К. (47), исто така поради управување возило без положен возачки испит.























