УТРО.мк

За што се подготвува Турција? Итно започна изградба на нуклеарни засолништа

За што се подготвува Турција? Итно започна изградба на нуклеарни засолништа
Vero

Турската влада донесе итна одлука за изградба на модерни нуклеарни засолништа во сите 81 провинции, со цел заштита на населението во случај на војна, катастрофа или нуклеарна закана. Првите градежни активности веќе започнаа во Анкара, јави НТВ.

Проектот го спроведува Турската администрација за домување во масовни објекти (ТОКИ), а се темели на сеопфатна студија на Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени. Анализата, разгледана и на состаноци на кабинетот со претседателот Реџеп Таип Ердоган, укажала на сериозен недостаток од функционални засолништа и на фактот дека постојните не ги исполнуваат безбедносните стандарди.

Новите засолништа ќе бидат дизајнирани како издржливи и лесно достапни структури за итни случаи, со што ќе се зголеми безбедноста на граѓаните низ целата земја. Во изработката на планот биле земени предвид и искуствата на земји како Израел, Јапонија и Швајцарија, каде ваквите засолништа се составен дел од цивилната заштита.

Иако уште од 1987 година постои регулатива која предвидува изградба на засолништа во згради со одредена големина, во пракса таа често се игнорирала, а просториите наместо за заштита биле користени како паркинзи или складишта. Новата иницијатива има за цел конечно да го надмине овој проблем и да воспостави национална мрежа на безбедносни објекти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран