УТРО.мк

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили

Вучиќ: Белград e под притисок од сите страни, без вистинска поддршка од светските сили
Vero

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија формално останува на европскиот пат, но во практика нема поддршка од ниту една голема сила – ниту од Истокот, ниту од Европската Унија, ниту од Соединетите Американски Држави.

Говорејќи на годишната конференција со претставниците на дипломатско-конзуларната мрежа, Вучиќ оцени дека Србија не го почувствувала очекуваниот напредок во односите со САД, ниту во делот на царините, ниту во врска со санкциите кон Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска руска сопственост.

Тој истакна дека кога Србија се соочувала со тешкотии, ниту една од големите сили не застанала отворено зад Белград, туку, како што рече, сите поставувале дополнителни барања и вршеле притисок, без да понудат конкретна поддршка.

Вучиќ потсети и на неусешниот обид за приближување кон новата американска администрација, кога српската делегација не учествуваше на планиран настан во Флорида. Воедно, тој повтори дека Србија не се откажува од ставот дека Косово и Метохија се составен дел од државата и нагласи дека, според него, меѓународните договори што се однесуваат на ова прашање не се почитуваат.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран