Во раните утрински часови во местото Пријановиќи, во близина на Пожега, избувна пожар во трансформаторска станица која го снабдува поголемиот дел од општината со електрична енергија. Околу 9 часот, целото подрачје остана без струја, предизвикувајќи сериозни потешкотии во домаќинствата, институциите и локалните служби.
Жителите сведочат дека, покрај прекинот на струја, се појавиле и други проблеми – интернетот е во прекин, а мобилниот сигнал постојано исчезнува.
„Сè престана да работи во ист момент. Телефоните фаќаат сигнал па го губат, интернет нема. Се надеваме дека дефектот ќе се реши што е можно побрзо“, изјавил еден жител на Пожега за РИНА.
Екипите на ЕПС веднаш излегоа на терен и започнаа со санирање на трансформаторската станица, како и со напори за постепено враќање на електричната енергија. Прв приоритет е снабдувањето во централниот дел на општината, а потоа и во останатите населени места кои се уште се во целосен мрак.
Според првичните процени, нормализацијата на мрежата би можела да потрае неколку часа, а надлежните служби апелираат до граѓаните да останат трпеливи додека дефектот не биде целосно отстранет.



























