УТРО.мк

ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во Грција при полнење вода

ВИДЕО: Хеликоптер за гаснење пожари се урна во Грција при полнење вода
Vero

Хеликоптер ангажиран во операција за гаснење шумски пожар во Грција се урна во вештачко езеро при маневар за полнење вода, при што двајцата членови на екипажот успеале да се спасат без сериозни повреди.

Инцидентот се случил во близина на Метсово, кај езерото Аоос, додека воздухопловот интервенирал во гаснење пожар во регионот на Гревена.

Станува збор за хеликоптер „Bell“, кој според првичните информации бил ангажиран од грчката противпожарна служба, а се претпоставува дека леталото било изнајмено од приватна австралиска компанија.

При обид за земање вода од езерото, опашниот дел или роторот на хеликоптерот ја допрел површината на водата, по што леталото ја изгубило стабилноста и паднало во езерото.

Во хеликоптерот се наоѓале грчки пилот и еден странски член на екипажот. Тие успеале навреме да излезат од леталото и биле извлечени со чамец од страна на спасувачките служби, по што се пренесени во болница. Според првичните информации, двајцата се во добра здравствена состојба.

Надлежните служби спроведуваат истрага за утврдување на причините за несреќата, додека акциите за гаснење на пожарите во регионот продолжуваат со други воздухоплови и екипи на терен.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin