УТРО.мк

ВИДЕО – Голем пожар на Халкидики: Евакуирани жители и туристи

ВИДЕО – Голем пожар на Халкидики: Евакуирани жители и туристи
Vero

Голем пожар избувна денеска попладне во близина на Сивири, на Касандра, Халкидики, поради што властите преку системот 112 упатија итно предупредување до жителите и туристите.

На граѓаните им е наложено да го напуштат Сивири и да се упатат кон Мола Калива, поради опасноста пожарот да се прошири.

Огнот засега зафаќа ниска вегетација, но во непосредна близина има шумско подрачје. Силниот ветер дополнително ја отежнува ситуацијата и создава ризик пламените јазици брзо да се прошират.

На терен се ангажирани 122 пожарникари со 41 противпожарно возило, додека од воздух пожарот го гаснат девет авиони и три хеликоптери.

Во реонот има сериозни проблеми во сообраќајот, бидејќи голем број туристи и жители го напуштаат подрачјето поради евакуацијата.

Надлежните служби продолжуваат со интервенцијата, а состојбата се следи во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin