УТРО.мк

Србија прогласи вонредна состојба поради екстремни снежни врнежи

Србија прогласи вонредна состојба поради екстремни снежни врнежи
Vero

Вонредна состојба е прогласена во девет општини во Србија, меѓу кои целосно во Лозница, Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Владимирци, Мајданпек, Сјеница, како и делумно во општина Пријепоље, соопшти Секторот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи.

Од почетокот на снежните врнежи, од 4 јануари до утрово, секторот за итни случаи извршил 72 интервенции, при што биле ангажирани 175 пожарникари-спасувачи со 77 возила, 19 пумпи и три чамци. Најчесто интервенциите се однесувале на отстранување паднати дрвја, испумпување вода и помош на загрозени лица. Во тој период се евакуирани 30 лица.

Поради влошените временски услови, полицијата и Секторот за вонредни ситуации добиле наредба да дејствуваат заеднички, со поактивно вклучување на жандармеријата, за обезбедување на безбедноста на населението.

Кабинетот на премиерот Ѓуро Мацут најави дека ангажманот на службите на терен ќе биде зголемен, а деловните субјекти ќе помагаат во обезбедување генератори и друга помош за погодените подрачја. Меѓу компаниите што веќе реагираа е кинеската компанија Шандонг, која доставила конкретна поддршка на терен.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран